Сцена

Се најавува снимање на филм за иконата на поп музиката Принс

Според пишувањето на магазинот Rolling Stone, ќе се снима документарец за легендарниот поп музичар Принс, кој ќе биде достапен само за публиката на Нетфликс. Одговорна за проектот е Ава ДуВернеј, со дозвола на семејството на музичарот.

Како што е наведено, семејството на Принс ќе ги обезбеди архивските снимки, интервјуата, фотографиите и сите потребни материјали за снимањето на документарецот кој ќе биде објавен во повеќе продолженија.

Неодамна, исто така, постхумно беше објавен и неговиот албумот Piano and a Microphone 1983, кој се појави во продажба на ЦД, плочи и во онлајн формат.

Интересно е да се каже дека семејството на Принс на американскиот претседател Доналд Трамп му го одобри користењето на неговиот најголем хит Puple Rain, песна која се смета за една од најголемите балади во историјата на модерната музика.

Принс Роџер Нелсон почина на 21 април 2016 година како последица на случајно предозирање со лекови.

Слични написи

Адел го напушти интервјуто откако новинарот рече дека не го слушал нејзиниот нов албум

dart

Емили Блант станува легендарната Мери Попинс

admin

Елса Хоск со градник од милион долари

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.