Технологија

Сеат Минимо, новиот концепт за мобилност

 

На овогодишниот Конгрес на светска мобилност, Сеат го презентираше Минимо. Како што изјави претседателот на управата на Сеат, Лука Де Мео, развивањето на Минимо има за цел адаптација на мобилните платформи во иднината на сообраќајот. Тој додава дека се работи за решение кое со нетрпение го очекуваат компаниите за carsharing и со кое се подобрува нивната профитабилност.

Минимо е концепт помеѓу автомобил и мотоцикл. Ја нуди сигурноста и удобноста на автомобил, и агилноста и леснотијата за паркирање на мотоцикл. Овој 100% електричен автомобил за два патника креиран е со заменлива батерија, овозможува полнење за само неколку минути и автономија од 100 км. Со оглед на тоа дека овој автомобил не зависи од станиците за полнење на батерии им овозможува на компаниите за carsharing значителна заштеда.

Со должина од 2,5 м и ширина од 1,24 м возилото зафаќа паркирен простор од 3,1 квадратни метри, што е значително помалку во споредба со паркирниот простор од 7,2 квадратни метри за просечните автомобили.

Минимо е возило со вградена 5G технологија што овозможува безжично користење на мобилни уреди на дисплејот од возилото, и може да препознае дали возачот има 16 или 18 години за да ја прилагоди брзината на 45 км/ч или 90 км/ч.

Сеат е бренд во групацијата Фолксваген преку која ќе се пласира стратегијата за мобилност во сообраќајот.

 

 

Слични написи

Машина која од воздух произведува вода

admin

Дали Самсунг се откажува од својот Galaxy Fold

Biba

Дигитален номад

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.