Гастрономија

Пуканки со карамел

 

Потребни состојки:

10 чаши испукани пуканки

сол

1 чаша путер (250 г)

1 чаша светлокафеав шеќер

2 лажички ванила

1/2 лажичка сода бикарбона

Начин на подготовка:

  1. Пуканките направете ги според упатството, ставете им сол и тргнете ги настрана.
  2. Во тенџерче на средна температура стопете го путерот, додајте го шеќерот и мешајте додека смесата да проврие. Потоа престанете со мешање и оставете да врие на средна температура четири минути.
  3. По четири минути во карамел сосот додајте ја ванилата и измешајте, по уште една минута додајте ја содата и сè убаво измешајте.
  4. Со овој сос полека прелијте ги пуканките и внимателно измешајте ги.
  5. Послужете ги откако ќе се оладат.

На здравје!

 

 

Слични написи

Густо и кремасто смуди од банана

Biba

Торта со шери, суво грозје и бадеми

Biba

Чизкејк салата со јагоди

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.