Спорт

Пропадна договорот на Усаин Болт со Central Coast Mariners

Откако во 2017 година најбрзиот човек на планетата Усаин Болт се повлече од професионалното трчање на 100 и 200 метри, кариерата му отиде во друг правец. Неговата желба да продолжи професионално како фудбалер полека се остварува. Изминатиот период беше на пробно во неколку познати фудбалски клубови, но финално се мислеше дека дефинитивно ќе игра за австралискиот клуб Central Coast Mariners. Тренираше со нив, дури и постигна 2 гола.

Но, според последните информации што се пласираа е дека Усаин Болт ја одбил понудата за потпишување професионален договор и заради тоа е отстранет од тренирањето со останатите играчи.

Mike Mulvey, тренерот на Central Coast Mariners, изјави дека не бил запознаен со информацијата дека главните од раководството на тимот воопшто понудиле договор за Болт.

Остануваат на ставот дека за да се обезбеди непречено тренирање на играчите Усаин Болт ќе биде на страна од терените. Но, како што наведоа, ако во моментов некој спонзор не се вклучи во преговорите со Болт, мала е веројатноста дека нешто ќе се смени во ситуацијата.

Слични написи

Реал со пораз во Истанбул

Biba

Траумите на Роналдо не престануваат

admin

Дени Велбек го напушта Арсенал на крајот од сезоната

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.