Сцена

Пронајдено е продолжение на култниот роман “Clockwork Orange”

 

Меѓународната фондација “Antony Burgess”, во чија сопственост се сите лични предмети на познатиот писател и креатор на делото според кое е снимен и истоимениот филм “Clockwork Orange”, меѓу другите предмети најде и ракопис кој може да се смета за продолжение на неговото познато дело.

Криминалниот роман зачинет со црн хумор објавен е во 1962 година и претставува едно од култните дела на современата литература. Во 1971 година доби и филмска верзија во режија на Stanley Kubrick. Како и романот, така и филмската адаптација постигна огромен успех, како кај публиката, така и кај критиката. Номиниран е за наградата Оскар за најдобар филм.

Во новооткриениот ракопис кој има наслов “Clockwork Condition” Burgess на 200 страници ги разгледува егзистенцијалните прашања и ги развива мотивите од своето прво дело, ги анализира и контроверзиите што ги предизвикаа првата книга, а и филмот правен според неа.

Претседателот на фондацијата, а воедно и професор по англиска книжевност на Манчестер Метрополитен Универзитетот – Ендру Бизвел, изјави дека новопронајдениот ракопис фрла ново светло на Burgess, Kubrick и целата контроверзија што ја обвиткува приказната.

“Ракописот го објаснува неговото гледање на злочинот, казната и лошото влијание на визуелната култура”, вели Бизвел.

Burgess во еден момент се откажал од споменатиот ракопис сфаќајќи дека не е филозоф, туку писател.

Инаку, во 1974 година Antony Burgess ја објави и својата автобиографија “Clockwork Тестамент”.

 

Слични написи

Нозете на Џенифер Лопез имаат цена од милион долари

Biba

Актерите на мегасеријата Game of thrones во свечена облека

Biba

Новата идеја на Американската филмска академија наиде на критики

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.