Здравје

Престојување пред телевизор повеќе од 4 часа е штетно за срцето и крвните садови

Холандски истражувачи ги споредувале здравствените податоци од луѓе кои поминуваат во просек 2,8 часа пред екранот и од оние кои поминуваат повеќе од четири часа дневно. Разликите биле очигледни. Деновиве, заради актуелната ситуација, повеќе од нормално седиме пред ТВ или компјутер и постојано гледаме филмови и серии. Научниците советуваат ова време да се намали. Поточно, истражувачите од Универзитетот во Гронинген дошле до заклучок дека прекумерното гледање на филмови и серии можат да го зголемат ризикот за развој на коронарна артериска болест. Ниек Вервеј и неговите колеги од колеџот го скенирале генетскиот код на 422.221 лица во Велика Британија на возраст меѓу 40 и 69 години и идентификувале 169 генетски аномалии поврзани со седење, од кои 145 биле поврзани со прекумерно гледање телевизија. 36 од нив биле поврзани со прекумерна употреба на компјутер, а остатокот биле различни преклопувања. Оние кои поминувале повеќе време пред екранот, исто така биле повеќе склони кон развој на кардиоваскуларни заболувања. Користејќи ги статистичките методи, истражувачите споредиле податоци од луѓе кои минуваат во просек 2,8 часа пред екран и од оние што го прават тоа 4 часа на ден или повеќе. Оние што поминуваат повеќе време пред екранот, исто така, се покажало дека се повеќе склони кон развој на кардиоваскуларни заболувања. Во исто време, истото не можело да се идентификува кај луѓе што седат пред компјутер. Притоа, авторите се оградуваат од добиените резултати затоа што испитаниците сами го пријавувале времето поминато пред екраните, што може да биде неточно. Тие посочуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се прошири анализата на тотално седечки, физички активности и однесување во спиењето.

Слични написи

Дуплирајте ја брзината на слабеење со водење на дневник на исхрана

Biba

Како да го избегнете топлотниот удар и последиците од него

dart

Колку чоколадо е премногу?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.