Психологија

Премногу отворени прозорчиња на компјутерот влијаат негативно на расположението и на продуктивноста

 

Истражувањето кое го спровело телевизиската куќа CNN покажало дека лицата постари од 18 години во САД поминуваат скоро 11 часа дневно пред своите компјутери, смарт телефони и таблети.

На интернет сме често пати затрупани со безброј корисни и бескорисни информации, па неретко отвараме многубројни веб страници зголемувајќи го на тој начин и бројот на отворени јазичиња или прозорци во пребарувачот.

“Отворените прозорчиња се само одраз на нашата рутина, интересите и стилот на живот”, тврди психотерапевтката Лорена Рамос. Таа смета дека, иако големиот број на отворени прозорчиња во пребарувачот може да се поврзе со зголемена продуктивност, презаситеноста со огромен број информации во комбинација со стравот дека нешто ќе се пропушти ако постојано не се проверуваат социјалните мрежи и вестите, влијаат негативно на расположението. Можат да доведат и до ментална исцрпеност и замор.

Многуте отворени прозорчиња, комуникацијата преку електронска пошта и социјалните мрежи, и разните отворени текстови ни се интересни четива и не знаеме што прво да почнеме да читаме. Често пати само површно прелетуваме по текстовите. Сето тоа премногу го стимулира мозокот, поради што тешко можат да се испроцесираат големиот број на информации.

И покрај тоа што пристапот до голем број на информации влијае позитивно на работата, проблем настанува кога луѓето не можат да се фокусираат на една работа, па работењето мултитаскинг доведува до замор и досада, а со тоа и до пад на продуктивноста. Рамос тврди дека големиот број на отворени прозорчиња се непотребна пречка при работењето која може да предизвика стрес и зголемена анксиозност, особено кога треба да се испочитува краткиот рок за да се сработи некој проект.

Освен влијанието што го има на концентрацијата и на работата, големиот број на отворени прозорчиња влијае и на компјутерот така што го успорува, слично како што го ја успорува и нашата продуктивност. Ако сакате да го убрзате компјутерот и квалитетно да ѝ се посветите на вашата работа, подобро е да ги затворите непотребните прозорци, она што ве интересира да го обележите за подоцна и да им се посветите на поважните задачи што ги имате во моментот.

 

Слични написи

Лошите односи со врсниците во училиште, предизвикуваат здравствени проблеми подоцна во животот

Biba

Уметноста усреќува и го подобрува менталното здравје

Biba

Осаменоста го забрзува стареењето и го зголемува ризикот од срцеви болести

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.