Технологија

Првиот тунел на Илон Маск

Идејата на Илон Маск за копање и создавање на евтини подземни тунели за патување, полека станува реалност. The Boring company  е компанија која е основана од самиот Илон Маск, која ќе ги извршува бушењата и изградбата на тунелите. Првата траса од нивниот подземен тунел, кој во компанијата го нарекуваат LOOP ќе биде пуштена во Лос Анџелес. Според информациите што ги пласираше самиот Маск, првата делница би требало да биде пуштена за отприлика месец и половина. Се работи за трасата која ќе ги поврзува деловните простории на Space X и The boring company. Се очекува на 11 декември корисниците да се провозат низ тунелот потполно бесплатно.

LOOP како што го нарекуваат во компанијата што ќе ги работи тунелите, всушност е превозен систем кој е сличен на класичната подземна железница. Разликата се состои во тоа што тунелите на Маск ќе бидат со помали димензии, и во нив ќе може да се движат платформи што ќе превезуваат еден по еден автомобил или помали патнички капсули со капацитет за 12 лица. Маск најавува дека на тестната траса ќе се движат споменатите платформи со брзина не поголема од 250 километри на час, а за кратко време ќе бидат инсталирани и патничките капсули.

Слични написи

Десет корисни кратенки на тастатурата за корисниците на Windows 10

Biba

Футуристичка подвижна куќа која може да се движи на речиси секој терен

dart

WhatsApp наскоро со нова опција за заштита на вашите разговори

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.