Наука

Популацијата на тигри во Индија бележи драстично зголемување

 

Сведоци сме на секојдневни нагласувања дека човекот треба да се грижи за околината и за светот околу себе. По мноштвото информации дека одредени животински видови бележат драстично намалување и им се заканува изумирање, од Индија дојдоа убави вести.

Тенденцијата на намалување на единките на тигри во Индија не само што повеќе не се намалува, туку бројот на примероци на тигри е за третина зголемен, што преставува прекрасна информација. Индија е сега дом на речиси 3000 тигри.

Според информациите што ги пласираше премиерот на Индија, Нерендра Моди, популацијата на тигри почнала да се зголемува од 2014 година кога броеле 2226, за во 2018 година да стигнат до бројката од 2967 примероци. Индија, во моментов, е дом на 70 % од светската популација на тигри.

Индија ја брои својата популација на тигри на секои 4 години и тоа преставува напорна работа. Вклучува научници, шумари, се пребарува огромна територија.

 

 

Ова е огромен успех. Според одредени проценки, во периодот од 1875 до 1925 година се убиени дури 80 000 тигри.

Сепак, активностите на индиската влада вродија со плод. Забраната за лов, одвојување на средства за нивно зачувување, овозможија бројот на тигри да се зголеми.

 

 

Слични написи

Озонската обвивка се опоравува

admin

Зошто да се опкружите со повеќе книги отколку што некогаш ќе имате време да прочитате

Biba

Природни начини за заштита од комарците во летниот период

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.