Гастрономија

Плескавици од тиквици и пармезан потпечени во рерна

 

Состојки:

1 јајце

1 главица кромид, ситно исечкан

1 лута пиперка (ако сакате луто)

1 лажичка магдонос, ситно исечкан

2 шољички рендана тиквица

1/2 шољичка пармезан

маслиново масло

сол и бибер по вкус

Подготовка:

  1. Јајцето во сад кратко разматете го со виљушка и додајте ги насецканиот кромид, солта и биберот.
  2. Од изренданата тиквица процедете го вишокот вода и ставете ја заедно со пармезанот во смесата со јајцето. Додајте го магдоносот и измешајте убаво да се соединат состојките. Ако е смесата премногу течна може да ја згуснете со една кришка леб омекнат во вода и убаво исцеден. По желба додајте ја лутата пиперка ситно исечкана.
  3. Од смесата формирајте плескавици кои ќе ги пржите во маслиново масло во тавче 3-4 минути од едната страна, а потоа свртете ги на другата страна и ставете го тавчето во рерна на 200 степени Целзиусови да се допечат уште 10 минути.

На здравје!

 

Слични написи

Спанаќ потпечен со сирење

Biba

Пржена зелка со колбаси

Biba

Колаче со кајсии

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.