Гастрономија

Пита од тиква и бадеми

 

 

Потребни состојки:

Тесто:

5 јајца

100 г брашно

300 г темен шеќер

250 г рендана тиква

1 морков

30 г путер

250 г мелени бадеми

1 лажичка прашок за пециво

сок и рендана кора од половина лимон

цимет

1 лажичка сол

Крем:

4 лажици вода

4 лажици темен шеќер

сок од половина лимон

сок и рендана кора од портокал

50 г путер

70 г чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Стопете го путерот на умерена температура, а потоа додајте ги тиквата и шеќерот. Гответе на тивок оган мешајќи додека тиквата не омекне. Оставете ја смесата да се олади.
  2. Со миксер разматете ги жолчките и шеќерот, и додајте ја кората и сокот од лимон. Додајте брашно, прашок за печиво, цимет, бадеми и морков.
  3. Измиксирајте ја белката и додајте малку сол, а потоа соединете ги двете смеси во калап за печење кој претходно сте го намачкале со путер.
  4. Печете во загреана рерна 50 минути.
  5. Додека ја печете смесата, во друг сад  на средна температура растопете шеќер во вода. Додајте путер, лимонов сок, сокот и кората од портокал, чоколадото и варете неколку минути.
  6. Прелијте ја смесата преку колачот и чекајте да се олади пред да започнете со уживањето. По желба, декорирајте ја питата со слатка павлака или шлаг.

На здравје!

 

Слични написи

Брза мусака со пилешко месо и прелив од јогурт

Biba

Индиски лепчиња (наан) со лук

Biba

Мексиканско кафе

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.