Гастрономија

Пилешко “Алфредо” во рерна

 

Потребни состојки:

3 чаши сварени макарони по ваш избор

2 парчиња пилешки гради исечкани на коцки

3 ленти исечкана сланина

1 кромид, исчекан

1 чешне лук, ситно исечкано

моцарела исечкана на парчиња

100 г печурки, исечкани

100 г цветчиња брокула

маслиново масло

1 лажица исечкан магдонос

сол и бибер

Алфредо сос:

125 г стопен путер

2 лажици брашно

200 мл павлака за готвење

200 мл млеко

1/2 чаша изрендан пармезан

1/2 изрендан чедар

Начин на подготовка:

  1. Макароните сварете ги според упатството, процедете ги, измешајте во нив маслиново масло за да не се залепат и тргнете ги на страна.
  2. Во тава загрејте маслиново масло и во него пржете ги кромидот, лукот и сланината. Кога кромидот ќе омекне, додајте го месото и гответе го додека да ја изгуби розевата боја и да стане кафеаво.
  3. Додајте ги печурките, брокулата, сварените макарони, ставете сол и бибер по вкус и нежно измешајте.

Подготовка на сосот:

  1. Во тавче стопете го путерот, додајте го брашното и мешајте додека да се испржи.
  2. Млекото и павлаката за готвење искомбинирајте ги заедно и полека додавајте ја таа смеса во брашното со постојано мешање.
  3. Откако сосот ќе се згусне, додајте ги пармезанот и чедарот и мешајте додека да се стопат.
  4. 3/4 од сосот додајте го во макароните и измешајте. Префрлете ги макароните во сад за печење, одозгора сипете го остатокот од сосот и врз сето тоа изрендајте или насечкајте моцарела.
  5. Печете околу 20 минути во рерна загреана на 180 степени Целзиусови. Послужете го јадењето додека е топло, декорирано со ситно сечкан магдонос.

На здравје!

 

Слични написи

Батерскоч карамели

Biba

Топла салата од компири, боранија и кромид

Biba

Колаче со банани

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.