Гастрономија

Печени пилешки гради со песто од босилек

 

Потребни состојки:

3 парчиња пилешки гради

6 лажици песто од босилек (линк)

2 патлиџана исечени на тркалца

3 парчиња моцарела

Начин на подготовка:

  1. Пилешките гради ставете ги во сад за печење.
  2. Врз секое од трите парчиња месо ставете по две полни лажици песто од босилек и размачкајте го целосно врз месото.
  3. Врз сосот на секое парче месо ставете по едно долго парче моцарела и две тркалца патлиџан.
  4. Печете го месото околу 30 минути во рерна загреана на 280 степени Целзиусови.
  5. Послужете го додека е топло со гарнир од варен ориз, компири или друг зеленчук.

На здравје!

 

Слични написи

Песто од босилек

Biba

Домашни корнети за сладолед

Biba

Печени јаболки полнети со фил од овесни снегулки

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.