Здравје

Пет причини поради кои сте уморни, а на кои веројатно не би помислиле

 

Проблеми со штитната жлезда, диета и премногу кофеин, се само некои од причините поради кои се чувствувате уморно.

За да го избегнете попладневното проѕевање најчесто е доволно добро да се наспиете, но има и други работи кои можат да бидат причина за да бидете уморни. Ова се некои од нив, за кои можеби досега не сте знаеле:

  • Скриена инфекција на уринарниот тракт. Во некои случаи, уморот е единствениот знак за уринарна инфекција. Ако имате чувство дека нешто се случува во тој предел – имате слаби болки или ве пецка кога мокрите, а притоа сте и многу уморни, одете на лекар и проверете да не се работи за инфекција на уринарниот тракт.
  • Вашиот начин на исхрана. Многу е едноставно: ако не јадете доволно – ќе бидете уморни. Калориите даваат енергија, па ако се изгладнувате со некоја диета не се чудете што се чувствувате малаксано и сонливо. Освен тоа, влијае и она што го јадете – еднолична и нездрава исхрана во која недостасуваат витамини – посебно витамин Ц – може исто така да предизвика умор.
  • Алергии на храна за кои можеби не знаете дека ги имате. Некои лекари веруваат дека уморот може да биде знак за скриена алергија на храна. Повеќето симптоми за алергија на некое јадење се јавуваат веднаш или помеѓу триесет минути и три часа откако сте изеле некоја намирница, а реакциите се различни кај секој човек. Сепак, има намирници кои предизвикуваат алергии почесто од другите: кравјото млеко, јајцата, кикириките, пченицата, сојата, рибата, школките и јаткастите плодови.
  • Премногу кофеин. Кога сме уморни обично посегнуваме по кафе, но стручњаците предупредуваат дека премногу кофеин може да има контраефект, односно, може да направи да се чувствуваме уште поуморно. Всушност, кофеинот во кафето, газираните и енергетските пијалаци е како лихвар за енергија. Секогаш мора да бидете спремни за тој контраефект, затоа што со време нивото на кортизол (кој дава енергија) во крвта се пореметува. Тоа значи дека почнувате да чувствувате симптоми на хроничен стрес како што се замор, хипергликемија, заборавност…
  • Неоткриени проблеми со штитната жлезда. Уморот е еден од симптомите за намалено функционирање на штитната жлезда – хипотиреоза, состојба во која штитната жлезда не произведува доволно хормони. Овој проблем успешно се третира со лекови, а лекарите препорачуваат жените да ја проверуваат функцијата на штитната жлезда на секои две години, бидејќи овој проблем се јавува почесто кај нив отколку кај мажите.

 

Слични написи

Домашните миленици имаат благотворно влијание на луѓето

Biba

Причини заради кои се будиме уморни и без енергија

Biba

Колку вистински трае одморот од седум дена

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.