Автомобилизам

Пет автомобили што не успеаја да ги надминат своите претходници

Секој нов модел на автомобил има цел да го надмине претходниот модел, но голем дел од нив се покажаа како помалку успешни од нивните претходници.

Еве пет автомобили кои не успеаја да ги надминат своите претходници.

  • Ford Police Interceptor Sedan. Поентата на новиот полициски автомобил беше да го надмине ненадминливиот автомобил кој го знаеме од американските филмови, Crown Victoria. Американците и денес кога на патиштата ќе видат модел на Crown Victoria ја намалуваат брзината поради стравот дека е полиција. Едноставно Ford Police Interceptor Sedan не успеа да го надмине својот претходник, не заради неквалитет, туку заради филмската слава на Crown Victoria.

  • Mazda RX-8. Ова е спортски автомобил кој сопствениците и љубителите на моделот RX-7 го чекаа со возбуда. Неговиот Wankel мотор се очекуваше да му донесе огромна слава која и не се појави. Едноставно беше уште еден автомобил со спортски манири.

  • Porsche 928. Стравот дека славата од седумдесеттите години на минатиот век што ја имаше легендарниот модел 911 опаѓа ги натера во Porsche да пробаат да донесат освежување со моделот 928. За жал, тоа не се случи. Моделот 928 не само што не ја надмина славата на претходникот 911, туку се смета и за автомобил со најмала продажба.

  • Honda CR-Z. Моделод CR-X имаше голема популарност, па Јапонците решија да пробаат моделот CR-Z да ја постигне славата на претходникот и со тоа да внесат нова крв на пазарот. За жал, новиот модел го немаше дизајнот и славата на својот претходник.

  • VW Golf GTI Mk2. Славата на GTI верзијата на Golf 1 беше огромна. Сите го посакуваа малиот брзинец. Иако беше квалитетен и за некого имаше прекрасен изглед, славата од Golf 1 не успеа да ја добие.

Слични написи

Porsche го понуди Cayman GT4 Clubsport во две верзии

Biba

Ferrari 488 Pista Spider – магнет за посетителите на Саемот на автомобили во Париз

admin

Дизелските мотори полека изумираат

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.