Психологија

Песимистите слабеат побрзо

Спротивно на претпоставките, килограмите побрзо се топат ако личноста која е на диета размислува негативно.

Сите оние кои мислат дека веселите луѓе кои држат диета секој ден го пречекуваат со насмевка на лицето, и полесно го поминуваат периодот на гладување – се лажат.

Истражување спроведено на еден Универзитет во Кјото покажува дека слабеењето им оди побрзо на луѓето со негативен поглед на светот. Во истражувањето се барала поврзаност помеѓу психичката состојба и карактерот на личноста, и ефикасноста во намалувањето на килограмите, а резултатите откриле дека успехот на диетата не зависи исклучиво од видот на диетата.

За потребите на истражувањето биле направени детални профили на личноста на 147 дебели луѓе кои доброволно се одлучиле да бидат на шестмесечна диета. На општо изненадување, луѓето кои диетата ја почнале оптимистички постигнале помал успех од оние кои на намалувањето на килограмите гледале негативно.

Експертите, објаснувањето за неочекуваниот резултат го бараат во различната мотивација. Имено, песимистите заради негативниот начин на размислување биле повеќе спремни да ги сменат навиките и однесувањето. И покрај тоа што не верувале во успехот на диетата, се труделе да се држат до нејзините правила и не очекувале помош од виша сила.

Оптимистичните учесници во истражувањето, од друга страна, верувале во брз успех. Тие сметале дека килограмите ќе се истопат по сила на природата на нештата и не пристапиле подеднакво мотивирано кон проблемот.

По завршувањето на истражувањето и по шест месеци диета, најголем проблем и за оптимистите и за песимистите бил како трајно да ја задржат намалената телесна тежина.

Слични написи

Добрата плата не е гаранција за среќа

Biba

Самопочитување или ароганција?

dart

Каков прв впечаток оставате врз основа на вашата телесна градба

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.