Спорт

Парижаните ја одбија првата понуда од Барселона за Нејмар

 

Според изјавите, ПСЖ е спремен да се откаже од Нејмар, дури и за позајмица на Барселона, но сепак првата понуда на Каталонците беше одбиена.

Со оглед на тоа дека Барселона нема начин како да го донесе Нејмар во своите редови ова лето, понудија сума од 150 милиони евра, меѓутоа понудата беше одбиена од страна на Французите.

Според проценката на ПСЖ, Нејмар вреди 250 милиони евра и сакаат договор со Барса дека доколку најдат заеднички јазик ќе го купат Нејмар според договорот.

Преговорите сè уште се активни и се очекува да се решат во следните неколку дена.

Обврската што купувањето на Нејмар ѝ ја носи на Барселона и ја комплицира ситуацијата, е тоа што треба да се испланира комплетниот буџет за тековната сезона. По купувањето на Гризман и Де Јонг, се чини дека балансирањето на буџетот претставува тешкотија.

На ПСЖ му се потребни пари за да ги инвестира во екипата, а ако не добие гаранции од Барселона тоа тешко ќе го оствари.

Во игра за Нејмар е и Реал Мадрид, а будно ја следат ситуацијата и од Јувентус, кои исто така имаат интерес за овој фудбалер.

 

 

Слични написи

Новак Ѓоковиќ по четврти пат прогласен за најдобар спортист на светот

Biba

Заврши кратката фудбалска кариера на најбрзиот човек на светот

Biba

Рафа Надал реагираше емотивно по освојувањето на US Open

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.