Забава

Отстранете го бигорот едноставно и брзо без триење

 

Некогаш се доволни само две состојки за вашиот дом да биде перфектно чист, особено кога тие две состојки ги имате дома. Бигорот најчесто се јавува во бањате, на плочките, стаклото и чешмите, не се симнува лесно а овие трикови ќе ви помогнат да го елиминирате без напорно триење.

Тврдокорниот бигор е вистински кошмар со кој се сретнуваме во бањите и покрај напорното чистење на домот. За да го отстраните доволно е да направите спреј од две состојки што ги имаме во домот.

Сè што треба да направите е да измешате 3/4 алкохолен оцет и 1/4 детергент за миење на садови. Испрскајте ги плочките, лавабото, чешмата и кадата и оставете да делува неколку часа. Потоа слободно исплакнете ги површините со вода и имате перфектно чиста бања.

Доколку ви пречи интензивниот мирис на алкохолниот оцет, може да додадете лимон и сода бикарбона и ќе добиете средство кое ефикасно чисти и при тоа убаво мириса.

 

Слични написи

Девет работи кои им се забранети на туристите во Италија

dart

Трите најчести грешки при перење алишта кои ја уништуваат облеката

dart

Кристијано Роналдо со нова скапа играчка

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.