Наука

Откриен е брод за кој се мислело дека не постои

 

450 години пред Христос, грчкиот историчар Херодот во своите текстови опишал брод кој никогаш не бил пронајден.

Кога археолозите го откриле античкото пристаниште Хераклеон, биле откриени и седумдесетина потонати бродови од тоа време.

Еден од откриените бродови, означен како “Брод 17”, многу наликувал на бродот опишан во текстовите на Херодот.

“Од стебла на багрем отсекувале парчиња со должина од два лакта и ги ределе како цигли, прицврстувајќи го чамецот заедно на тој начин што низ дводелните парчиња протнувале долги шрафови. Кога заедно ќе го поврзеле целиот чамец, од внатрешната страна споевите ги затворале со папирус”, нашишал Херодот во своите текстови.

Понатаму, тој пишува дека за изградбата на бродовите сведочел низ патешествијата ширум Египет.

Изградбата на бродовите е необична, па се сметало дека Херодот можеби малку погрешил при објаснувањето.

Во 2000 година Хераклеон бил откриен на западниот слив на Нил во Медитеранот. Откриен бил од експедицијата што ја водел археологот Френк Годио. До сега успеале да пронајдат повеќе од 70 бродови кои датираат од осмиот до вториот век п.н.е.

Пронајдениот брод со ознака “Брод 17” датира од периодот меѓу 664 и 332 година пред Христос. Бил потонат во кал скоро 2500 години и е одлично зачуван, што на археолозите им овозможило да истражат 70 % од бродот.

Дури кога го пронашле бродот и кога успеале да испитаат поголем дел од него, сфатиле дека текстовите на Херодот се вистинити.

 

 

Слични написи

Истражувачите пронајдоа докази за органска материја на Марс

Biba

Најелектричното место на Земјата

Biba

Музичкото образование како фактор за развојот на личноста кај децата

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.