Наука

Откриено е најоддалеченото космичко тело во Сончевиот Систем, планетата Фараут

Научниците откриле дека најоддалеченото космичко тело во Сончевиот Систем е толку далеку, што му го дале името Фараут (“far out” преведено од англиски јазик значи “предалеку”). Фараут е бавна, ледена, розева џуџеста планета оддалечена од Сонцето 120 до 130 пати повеќе отколку Земјата.

Астрономот Скот Шепард од Научниот институт Карнеги во Вашингтон, вели дека се проценува дека џуџестата планета со службена ознака 2018 VG18 има дијаметар од 500 до 600 километри.

Во Сончевиот Систем има околу 50 џуџести планети, од кои најголем е Плутон со дијаметар од 2370 километри и Ерис со дијаметар од 2325 километри.

“Кога видов колку бавно се движи космичкото тело,  тоа беше најспорото кое некогаш сум го видел, па сам за себе си промрморив “far out”, што значи фантастично. Но, исто така, тоа тело е многу далеку, па затоа го нарековме Фараут”, вели Шепард.

“Не знаеме многу за неа”, додава тој, “штотуку ја откривме. На основа на нејзината светлина можеме да ја одредиме величината. Има розев, црвенкаст отсјај. Кога таму би поставиле мраз и би го озрачиле со сончеви зраци, со време мразот би добил црвенкаста нијанса. Затоа мислиме дека површината на планетата веројатно е покриена со лед”.

Шепард и другите научници ја забележале Фараут додека барале многу оддалечени тела во соларниот систем, меѓу кои и планетата X, која според него, би можела да биде пет до десет пати поголема од Земјата. Во 2014 година овие научници изјавија дека би можела да постои деветта голема планета во Сончевиот Систем.

Фараут се движи толку бавно што би ѝ требале 1000 години за да направи еден круг околу Сонцето.

Второто најдалечно тело во Сончевиот Систем е Ерис, кој во однос на Земјата е 96 пати подалеку од Сонцето. Плутон е 34 пати подалеку од Сонцето во однос на Земјата.

Слични написи

Можна ли е супербура од шеста категорија

admin

Како да се направи серум против змиски отров

dart

Човекот го загади и најдлабокото место во Тихиот Океан

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.