Сцена

Осум работи што најверојатно не сте ги знаеле за Рами Малек

Овогодинешниот добитник на Златен глобус за главна улога Рами Малек, долго ќе го паметиме како актерот кој прекрасно го долови ликот на легендарниот Фреди Меркјури.

Малек е ѕвезда во најава и за него знаеме многу работи поврзани со актерството. Но има работи кои не сте ги знаеле, а можеби ќе ви бидат интересни.

  • Рами Малек има брат близнак кој се вика Сами. Освен братот, Рами има и постара сестра која работи како лекарка во итна медицинска помош во Вашингтон.

 

  • Во љубовна врска е со неговата колешка, актерката Луси Боинтон, која во филмот “Боемска рапсодија” ја глуми љубовта на Фреди, Мери Остин. Тие се зближиле за време на снимањето и оттогаш се во врска.

 

  • Рами Малек е син на египетски емигранти кои од Каиро емигрирале во САД. Иако учел во Лос Анџелес, родителите го одгледале со комуникација на арапски, па затоа арапскиот го говори течно.
  • Одел во средно училиште со Рејчел Билсон и Кирстен Данст. Заедно со неговиот брат близнак биле во ист клас со актерката Рејчел Билсон, додека Кирстен Данст е една генерација после Рами и заедно ја посетувале драмската секција.

 

  • Противник е на социјалните мрежи. Иако има Твитер и Инстаграм, воопшто не е активен. Изјавува дека неговиот социјален живот воопшто не страда поради неговото отсуство од социјалните мрежи. На својот Инстаграм профил има само 3 фотографии. Иако не е активен, на Инстаграм го следат 1,6 милиони фанови.
  • Ја зачувал протезата што ја носел на снимањето на филмот за Фреди Меркјури. Ја дал да се позлати за да остане трајна за сите времиња.

Слични написи

Кендал Џенер е најплатениот модел за 2018 година според Форбс

Biba

Новата идеја на Американската филмска академија наиде на критики

admin

Почина ѕвездата на „Брилијантин“, Оливија Њутн-Џон

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.