Наука

Озонската обвивка се опоравува

Според податоците кои ги даваат научниците од ОН, озонската обвивка доколку продолжи стапката на ревитализација, се очекува до 2060 година да биде како нова.

Што претставува озонската обвивка? По дефиниција, таа претставува тенок штит кој ги филтрира негативните делови од светлосниот спектар и ги пропушта зраците што значат живот. Тоа е последната линија на заштита од смртоносното космичко зрачење.

Според Монтреалскиот протокол кој е донесен 1987 година, според кој користењето на одредени штетни гасови се намали или се елиминира, полека озонската обвивка почна да се обновува.

Според извештајот во кој е наведена динамиката по која се очекува комплетно да се регенерира озонската обвивка, се очекува до 2030 година на средишниот дел од планетата таа да биде регенерирана, до 2050 година да се регенерира над јужната хемисфера, а до 2060 година да се регенерира обвивката и над поларните подрачја.

Има надеж за спас за планетата Земја, а со тоа и за живите суштества.

Слични написи

Археолозите откриле доказ за вавилонското освојување на Ерусалим, за кое пишува и во Библијата

Biba

Ни се случува ли “климатски апартхејд”?

Biba

На кои начини комуницирале диносаурусите?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.