Љубов и секс

Однесувањето на жената се менува за време на овулација

Кога жената овулира, се менува начинот на којшто оди, зборува и се облекува. Овулацијата влијае и на изборот на мажи со кои ќе флертува, открива американско истражување.

Научниците долго време мислеа дека за време на овулацијата не се случуваат видливи промени кај жените. Студиите покажуваат дека жените за време на овулација чувствуваат поголема привлечност кон мажи со подлабок глас и симетрични, мажествени црти на лицето, пишува Discovery News.

Во други студии било откриено дека жените кои овулират повеќе нишаат со колковите кога одат, иако горниот дел од телото го држат во одбранбена положба.

Исто така, во тој период од месецот се склони да се облекуваат пооскудно и се позаинтересирани за друштвени собири.
Ако жените прифатат дека за време на овуацијата се однесуваат поинаку, тоа може да им помогне во носењето попаметни одлуки за нивните врски, за купувањето и за уште многу други работи.

“Жените треба да бидат свесни дека во одреден период од циклусот повеќе или помалку се наклонети на одреден тип мажи, а тоа сознание може да им помогне да се воздржат од купување провокативна долна облека на интернет”, вели Кристина Дуранте, психолог на Универзитетот на Минесота. “За време на овулација жените изгледаат попривлечно, па можеби би било попаметно да се сликаат за Фејсбук кога се наоѓаат во период на овулација”, додава таа.

Слични написи

Што значи да се биде пансексуалец и во што се разликува од бисексуалец

Biba

Секс поза која гарантира вртоглави оргазми

Biba

Привлечноста е многу повеќе од физичкиот изглед

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.