Наука

Нов начин на сметање на староста на кучињата

 

Сметањето на староста на кучињата е покомплицирано отколку што порано се мислеше. Тврдењето дека староста на кучињата сметана во човечки години е множење по седум, според тврдењето на научниците од Универзитетот Калифорнија е мит.

Тие креираа нова формула која се базира на молекули кои со време се „додаваат“ на ДНК.

Водечката генетичарка Тина Ванг вели дека воопшто не било лесно да се дојде до потполна точност во пресметката на кучешките години прикажани со човечки, бидејќи различните раси кучиња постигнуваат зрелост во различни периоди од животот.

Формулата ги зема во предвид промените на ДНК со текот на времето, особено метилните групи чии молекули се додаваат на ДНК во континуиран тек. Може да се користат да се измери староста и кај кучињата и кај луѓето во рамки на процесот што се нарекува епигенетски часовник.

Животниот век на кучињата варира од 6 и 7 години за големите раси, до 18 години за помалите раси. Новата формула ги зема во предвид годините кои се множат со 16 и се додава 31.

Така, куче кое има 18 години, всушност има 77 човечки години.

Пронајдени се сличности меѓу кучињата и луѓето во ист степен на старост. Исто така, откриено е дека постојат периоди од животот во кои часовниците воопшто не се поклопуваат со човечките, вклучувајќи го и пубертетот, бидејќи кучињата созреваат порано во однос на луѓето.

 

 

Слични написи

Ни се случува ли “климатски апартхејд”?

Biba

Како влијае еволуцијата на интелигенцијата во изборот на партнер

Biba

Човекот го загади и најдлабокото место во Тихиот Океан

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.