Наука

Новогодишна честитка од Марс

Совршена Новогодишна честитка пристигна од Марс: леталото Mars Express во своето орбитирање над Црвената Планета, го сними огромниот кратер Королев кој е окован во мраз.

На фасцинантните фотографии изгледа како само на овој дел од планетата да паднал снег, изјавува Европската вселенска агенција, но се работи за мраз кој се наоѓа во близина на северната поларна капа. Кратерот е широк 82 километри, мразот во неговата средина е дебел речиси два километри, со дијаметар од 60 километри и се проценува дека во него има 2200 кубни километри мраз.

За ваквата сцена на изолиран мраз е заслужен природниот феномен “ладна стапица”: ладниот воздух над кратерот се спушта и создава своевиден штит над мразот, кој на тој начин се задржува преку целата година.

Кратерот Королев е именуван според рускиот научник Сергеј Королев, кој бил ракетен инженер и дизајнер на вселенски летала, познат како татко на советската вселенска технологија. Королев работел на програмата Спутник која ги испрати првите вештачки сателити во вселената во 1950 година, а подоцна работел и на програмата Восток која го однесе Јуриј Гагарин во историјата како прв човек кој орбитирал околу Земјата.

Европската вселенска агенција го лансираше леталото Mars Express во 2003 година за да ја проучува атмосферата и геолошките карактеристики на Марс, а истовремено бара и вода.

Слични написи

Зошто не треба да ги убивате пајаците во вашиот дом

dart

Како влијае еволуцијата на интелигенцијата во изборот на партнер

Biba

На кои начини комуницирале диносаурусите?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.