Автомобилизам

Новиот Porsche Macan S со нов V6 турбо мотор е посилен, побрз и поудобен

Порше ја прошири својата серија на компактни SUV автомобили со силниот Macan S.

Овој автомобил доаѓа со нов трилитарски турбо V6 бензински мотор со филтер за честички. Има снага од 354 ks и максимален вртежен момент од 480 Nm, што е 14 ks и 20 Nm повеќе во споредба со претходниот модел. Со тоа, времето на забрзување со Sport Chrono пакетот се намалува за 0,1 на 5,1 секунди. Максималната брзина изнесува 254 км/ч, а потрошувачката на гориво изнесува 8,9 литри на 100 км.

Macan S профитира од сите иновации од серијата на моделот. Тука е вклучена ЛЕД светлосна лента на задниот дел, предните светла сериски се опремени со ЛЕД технологија, а опционално Porsche Dynamic Light System Plus адаптивно управува со распределувањето на светлината.

Новиот Porsche Communication Management (PCM) со 10,9 инчен full HD екран на допир е целосно вмрежен и опфаќа онлајн навигација со информации за сообраќајот во реално време со помош на “Here Cloud” подготовка од мобилниот телефон, два аудио интерфејса и смарт систем за говорно управување.

Новиот Macan S веќе може да се нарача, а неговата цена во Германија изнесува 64.356 евра.

Слични написи

Ferrari 488 Pista Spider – магнет за посетителите на Саемот на автомобили во Париз

admin

Првата официјална фотографија на Lamborghini Huracan Evo

admin

На Себастијан Фетел не му одат работите како што треба

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.