Спорт

Новак Ѓоковиќ по четврти пат прогласен за најдобар спортист на светот

 

Новак Ѓоковиќ вечерва е по четврти пат прогласен за најдобар спортист на светот и ја доби наградата Лауреус.

Конкуренција му беа Лука Модриќ, ЛеБрон Џејмс, Килиан Мбапе и Луис Хамилтон.

“Нелсон Мандела убаво рекол дека спортот говори со универзален јазик и дека има моќ да го смени животот на многу млади луѓе. Фондацијата Лауреус го прави токму тоа. Ги отстрануваат препреките со кои се сретнуваат младите луѓе и им помагаат да се снајдат и да го најдат своето место во спортот. Заради тоа многу млади луѓе се пронаоѓаат во спортот и можат да се поистоветат со борбата на своите спортски херои”, изјави Ѓоковиќ на црвениот килим пред доделувањето на наградата.

Новак ја освои оваа награда и во 2012, 2015 и 2016 година.

 

Слични написи

Реал Мадрид со фонд од 500 милиони евра ќе го прави најмоќниот тим на сите времиња

Biba

Кичевчанкатa Андреа Белеска потпиша за Анкара Јенимаале

admin

Адидас официјално ја претстави топката што ќе се користи на EURO 2020

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.