Психологија

На кој начин особините на личноста влијаат на вашето здравје

 

Сте се запрашале ли како вашите личносни особини, во контекст на врските и меѓучовечките односи, влијаат на вашето здравје? Доктор Роналд МекКој од Кралскиот австралиски колеџ направил анализа на истражувања на оваа тема.

Ако сте срамежливи, потенцијалните здравствени проблеми можат да останат незабележани сè додека не биде предоцна. Проблемите со срцето се поврзани со стресот и лошата исхрана, но и срамежливоста може да биде чинител кој ја влошува состојбата. Според истражување спроведено на Универзитетот Нортвестерн во Чикаго, луѓето кои се склони кон избегнување на друштво и дружење со други луѓе, имаат околу 40 отсто повеќе шанси да добијат срцев или мозочен удар отколку дружељубивите луѓе. Срамежливите луѓе избегнуваат и да одат на лекар, што значи дека е речиси невозможно на време да се воочат здравствените проблеми.

Ако премногу се грижите, ќе избегнете Алцхајмерова болест, но ќе страдате од анксиозност. Константното параноично грижење може да биде напорно за луѓето од вашата околина, но ако е умерено, т.е. ако се грижите за некој проблем во нормални граници – подобро ќе бидете заштитени од деменција, тврди едно израелско истражување. Веќе е докажано дека одредени ментални активности влијаат превентивно кога станува збор за Алцхајмеровата болест. Меѓутоа, и ако не сте тип на човек кој премногу се грижи, не треба да паничите. Научете да свирите некој инструмент, учете странски јазик, занимавајте се со ментални задачи – така ќе го тренирате мозокот и ќе го заштитите од заборавање. Ако сепак, премногу се грижите за сенешто, тоа може да ви го намали квалитетот на животот. Поработете на тоа со помош на психотерапевт.

Ако сте оптимисти, ќе имате посилен имунитет. Ако кај вас чашата е до половина полна наместо до половина празна, имате повеќе изгледи за подолг живот и подобро здравје од другите луѓе, тврди истражување на Клиниката Мајо. Според овие резултати, оптимистите имаат посилен имунитет, емоционално се поздрави и избегнуваат бројни психички и телесни проблеми. Меѓутоа, тоа што сте позитивни не значи дека не треба да бидете внимателни. Ако по природа не сте оптимистични, можете да се научите себеси да станете такви. Кога ќе ви дојде на памет некоја негативна мисла, помислете веднаш на две позитивни за да ја “избркате” од глава негативната. Кога ќе го правите ова почесто, ќе ви стане јасно дека чашата е до половина полна.

Ако сте кавгаџии, се изложувате на проблеми со срцето. Паровите кои редовно се караат, имаат повеќе срцеви проблеми од другите, се наведува во истражување од Универзитетот на Јута. Жените кои се непријателски расположени кон своите партнери си предизвикуваат проблеми со губење на еластичноста на артериите, а мажите со истото однесување си предизвикуваат артериосклероза. Ако не можете без караници, донесете барем некои правила: да нема викање и навредување. Обидете се барем малку да се контролирате себеси и ситуацијата.

Ако сте амбициозни, ќе си го продолжите животот. Организираните, амбициозни и дисциплинирани луѓе живеат и до четири години подолго од импулсивните, тврдат експерти од Универзитетот Калифорнија. Организираните луѓе одат редовно на лекарски прегледи и навреме ги откриваат сите проблеми. Ако не припаѓате на оваа група луѓе, размислете да го промените своето однесување: ветете си самите на себе дека следните 20 минути ќе се фокусирате на една задача, потоа 10 минути ќе поминете на Фејсбук или ќе одморате на друг начин. Направете распоред и придржувајте се до него. Тоа ќе ви помогне подобро да се сконцентрирате. Или направете листа на обврски и работи кои сакате да ги постигнете. Кога ќе почнете да прецртувате една по една ставка од листата ќе бидете помотивирани, а воедно и организирани.

Слични написи

Сиромашните луѓе сочувствуваат повеќе отколку богатите

Biba

Табуа: има ли теми кои треба да ги избегнувате со вашите деца?

Biba

Одгледувањето деца го намалува крвниот притисок

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.