Наука

На кои начини комуницирале диносаурусите?

Траги од фосилни записи и од сродни животни укажуваат на начините на кои комуницирале овие животни.

“Многу се потпираме на знаењето за современите животни кога носиме заклучоци за изумрените животни”, вели Томас Вилијамсон, кустос палеонтолог во Природонаучниот музеј во Ново Мексико. Комуницирањето најверојатно се состоело од свирење, крикови, звуци на потпукнување, танц и песни. Во предвид доаѓаат дури и симболични љубовни повици правени со помош на впечатливи перја.

Диносаурусите веројатно правеле и звуци со затворена уста, слично како свирежите и звуците кои ги произведуваат некои птици денес.

Вокализирање со затворена уста се звуци кои се емитираат низ кожата во пределот на вратот додека е клунот затворен, рече главниот научник Тобиас Рајде од Универзитетот Мидвестерн во Аризона. “Тогаш птиците го туркаат воздухот кој произведува звук во езофагеалната вреќичка, наместо да го издишат низ отворен клун. Гугањето на гулабите е добар пример за овој звук”.

Научниците откриле дека овие звуци еволуирале најмалку 16 пати кај архосаурусите, група праисториски животни во која спаѓаат птици, диносауруси и крокодили. Интересно е тоа што само животните со голема телесна тежина произведувале вокализација низ затворена уста.

Роговите, наборите и гребените кои ги краселе главите на диносаурусите можеле да се користат за ритуалот на парење или за заплашување на соперниците. На пример, фосилните остатоци покажуваат дека трицератопсот развил поголеми набори и рогови во текот на созревањето. Тоа укажува дека овие украси му помагале на овој вид да комуницира, а можеби и да привлече внимание на партнерот.

Овие рогови и набори исто така, пренесувале порака за возраста и доминацијата на другите диносауруси, се тврди во студијата објавена во списанието “Paleontologia Electronica”.

Хадрасаурусите заради сложените гребени произведувале природно резонантни, нискофреквентни звуци. Долгите опашки на сауроподските диносауруси произведувале бучава, а во долгите вртови имале долги дишни патишта во кои се верува дека произведувале никофреквентни звуци. Анкилосаурусите имале издолжени и сложени дишни трактови кои можеле да се користат за создавање или менување на звуците при комуникацијата.

Врз основа на анализата на ушите на диносаурусите, заклучено е дека тие одлично ги детектирале нискофреквентните звуци. Според Вилијамсон, овие нискофреквентни звуци можеле да продрат низ густата вегетација и на голема далечина, а можеби на одредени диносауруси им овозможиле да можат да се слушнат преку огромни подрачја.

“Мезозоикот бил сигурно неверојатна доба, а комуникацијата на диносаурусите ја направила уште побучна и поживописна”, заклучува Вилијамсон.

Слични написи

Првиот потрес на Црвената планета забележан од “InSight” на НАСА

Biba

Во Египет е откриена мумија од свештеник стара 2500 години

Biba

Најелектричното место на Земјата

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.