Технологија

Најизолираниот остров крие тајни стари 1000 години

Островот Бувет е најизолираниот остров кој се наоѓа на пола пат помеѓу јужна Африка и Антарктик.

Научниците што му пристапиле го опишуваат како импресивен, убав и ако мора да работиш на него – страшен. Овој вулкански остров е специфичен по тоа што сам создава свои временски услови, па во еден момент може да има сонце, и наеднаш да бидете опкружени со ниски облаци, магла и силни ветрови.

Овој остров е интересен за филмаџиите, но уште повеќе за научниците кои сакаат да дознаат за некогашните климатски промени што се случувале на Антарктик.

Островот Бувет е поставен точно на патот на движење на антарктичките западни ветрови кои кружат околу континентот и се многу важни за комплетната слика за климата.

Може да се рече дека се важни по тоа што ја повлекуваат топлата вода од длабочините која потоа ги топи глечерите и придонесува за растот на морињата.

Според податоците кои се стари 30-40 години, а ги објавија од British Antarctic Survey, се знае дека брзината на ветровите е во пораст.

Лиз Томас и нејзините колеги од British Antarctic Survey неодамна слетаа со хеликоптер на островот и според прелиминарните извештаи, велат дека мразот и снегот на островот претставуваат “портал на минатото”. Освен дебелиот мраз и стариот снег, научниците имаат и други маркери кои ќе ги користат за дешифрирање на климата. Алгите дијатомеи живеат на површината на океанот и се движат заедно со брановите.

Освен истражување на ветровите и нивното влијание на климата, научниците ги интересира и колку далеку се протега зимскиот мраз од Антарктик. Во некои години, мразот достигнува сè до островот Бувет.

Докторантката Ејми Кинг го истражува средиштето на островот барајќи огрански остатоци кои можат да кажат многу за климата низ времињата. Тие елементи се поврзани со алгите кои цветаат во водата кога мразот ќе се повлече и ќе огрее Сонцето.

“Колку повеќе мраз ќе добиеме во зима, толку е поголема површината. Кога во пролет ќе се стопи мразот, имаме повеќе простор за растење на фитопланктонот. Колку повеќе фитопланктон ќе имаме, толку се повеќе состојки кои може да се споредуваат и да дадат слика за климатските промени”, велат од British Antarctic Survey.

Парчето што го земале од 14 метри длабочина покажува состојба на климата од 2001 година и нагласуваат дека доколку се вратат на островот и најдат место каде што може да се буши подлабоко, ќе може да се добијат резултати за многу порано во времето.

Слични написи

Израелците испратија робот кој ќе ја истражува Месечината

admin

Ултразвучен преглед со iPhone

Biba

Note 9 во најава

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.