Наука

Најелектричното место на Земјата

Се вели дека молња не удира двапати на исто место, но луѓето кои живеат во најелектричното место на светот нема да се сложат со ова тврдење.

Станува збор за подрачје во Венецуела каде што реката Кататумбо се влева во езерото Маракаибо. Оваа локација се смета за место со најголем број на молњи во светот. Феноменот што се случува се нарекува ‘светилникот Маракаибо’ или ‘Кататумбо молњи’.

Овде во текот на годината се случуваат и по 1,2 милиони молњи. Тоа се околу 28 молњи секоја минута, што е енергија доволна да осветли 100 милиони светилки.

Со генерации локалното население било маѓепсано од овој спектакуларен феномен со молскавични бури кои беснеат по 10 часа преку ноќ, околу 260 дена во годината. Исто така, и сè повеќе бестрашни туристи се собираат за лично да го следат драматичното лајт-шоу, а туристичките оператори, само заради овој феномен, остваруваат солидна заработувачка. За посетителите се организираат ноќни тури со водичи за да го набљудуваат спектаклот на таканареченото ‘вечно невреме’ и да ги истражуваат тропските савани во близина.

Научниците велат дека оваа уникатна појава е поврзана со специфичната топографија и ветровите карактеристични за ова подрачје. Имено, басенот на езерото Маракаибо е опкружен со планини кои ги заробуваат топлите ветришта кои доаѓаат од Карипското Море. Кога овие ветрови се судираат со ладниот воздух кој се спушта од Андите истиснати се нагоре во атмосферата, каде што кондензираат во секавични облаци.

Овој регион, исто така, се смета и за најголем произведувач на озон – што го прави значаен фактор во регенерацијата на озонската обвивка.

Бурите од молњи се најспектакуларни кога кулминира влажната сезона околу октомври, а се намалуваат во посувите месеци јануари и февруари.

Во периодот кога се најинтензивни, Кататумбо молњите можат да се видат и на оддалеченост од 400 километри, што низ историјата им било од голема корист на морнарите за навигација и ориентација.

 

 

Слични написи

На кои начини комуницирале диносаурусите?

Biba

Ново откритие на Египетските археолози

admin

Природни начини за заштита од комарците во летниот период

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.