Забава

Најголемата ајкула на светот видена во водите кај Хаваи

Големата бела ајкула се смета за најголемиот вид на ајкула на светот. Еден примерок кој се смета и за најголемиот примерок од тој вид на ајкула, е виден и фотографиран во водите кај Хаваи. Нуркачите кои ја виделе нуркале во нејзина близина и ја фотографирале.

Ајкулата била долга шест метри и во близина на брегот се појавила во вторникот.

“Отпрвин мислевме дека се работи за неколку обични ајкули кои се разотидоа кога таа се појави. Неколку пати го допре бродот. Таа е огромен нежен џин кој го користеше нашиот брод за да се почеша. Испловивме рано наутро, а со неа останавме до доцна навечер”, изјави Оушн Ремзи, една од нуркачите.

Ремзи додаде дека ајкулата е најмалку 50 години стара и дека тежи отприлика два тони, што може да значи дека била трудна.

Таа и нејзиниот тим ги проучуваат ајкулите и работат на нивна заштита.

Чудно е тоа што голема бела ајкула се појавила во водите околу Хаваи, бидејќи температурата на водата е претопла за овој вид.

На ајкулата ѝ го дадоа името “Deep Blue” и веќе ѝ креираа и профил на Твитер.

https://www.instagram.com/p/BstzkcZlZHg/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Слични написи

Авторката на бестселерот “Fifty Shades of Gray” го најави својот нов роман

Biba

Општина Гази Баба го буди духот на акцијаштвото од СФРЈ

admin

Трка на легенди

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.