Психологија

Наставничка од САД направи табла на која учениците можат да споделат како се чувствуваат

 

Наставничката Ерин Кастијо од Сан Франциско стана позната на интернет со нејзината генијална идеја за тоа како да им помогне на учениците со нивното ментално здравје.

Откако изминатите пет години неколку ученици се обиделе да се самоубијат, Кастијо решила дека е време да се направи нешто во врска со тоа и дошла на идеја да направи табла на која учениците ќе ги изразуваат своите емоции. Имено, секој ученик може од задната страна на самолепливо ливче да го напише своето име и да го залепи ливчето во една од шесте понудени категории за тоа како се чувствува, од “одлично” до “се наоѓам во многу мрачно место”.

Исто така, можат да нагласат дека некој би можел од време на време да провери како се, без да изговорат ниту еден единствен збор, само со ставање на ливчето на соодветното место за тоа.

Наставничката во интервју за Insider изјавила дека сака да им покаже на учениците дека не се единствените коишто се чувствуваат лошо. “Многу луѓе мислат дека се сами во својата борба. Децата треба да слушнат дека не се сами и да видат како изгледа таа поддршка”, вели Кастијо.

Откако видела дека таблата се покажува како успешна со нејзините ученици, таа својот изум го споделила со пошироката заедница на наставници и објавила дигитална копија на платформа позната како “Teachers Pay Teachers”, што во слободен превод може да се преведе како “Од наставниците за наставниците”.

Таблата за проверка на менталното здравје брзо станала популарна на интернет откако друга наставничка ја споделила на својот Инстаграм профил. Веднаш потоа, Фејсбук страницата за превенција на самоубиства наречена Suicide Awareness/Prevention, која има повеќе од 600 000 следбеници, напишала објава за оваа табла.

Оттогаш таблата е споделена над 170 000 пати, а повеќе од 16 000 луѓе коментирале за тоа, повеќето од нив наставници кои ја адаптирале техниката според потребите. Еден од наставниците коментирал дека ваков тип на табла би бил многу корисен и за нив, наставниците, дека би можела да се постави и во просторијата во која тие се собираат, за да им се даде шанса и ним да се растоварат од емоциите.

Луѓето на Инстаграм ги споделуваат таблите кои ги поставиле во своите училници.

https://www.instagram.com/p/Bu7Srs-Bi2Y/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BvqL1BKhuhw/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BvpMV7MB4mZ/?utm_source=ig_embed

Наставничката Ерин Кастијо била трогната кога дознала дека нејзиниот изум се споделува на интернет. “Едноставно се расплакав. Мојот сопруг ме праша зашто плачам, а јас му одговорив – затоа што сега може да се спаси животот на децата насекаде”.

Не треба да нè изненадува тоа што на луѓето многу им се допаѓа оваа идеја.

Без оглед дали ќе поставите ваква табла дома, на работното место или во училиште, ова е одличен начин луѓето да кажат како се чувствуваат без да изустат ниту еден збор, што е најчеста причина зашто се затвораат во себе.

Грижете се за менталното здравје исто како што се грижите за телесното здравје. Ако не се чувствувате добро – побарајте помош од психолог или психотерапевт, нивна задача е да ви помогнат да ги вербализирате своите емоции.

 

Слични написи

Осаменоста го забрзува стареењето и го зголемува ризикот од срцеви болести

Biba

Пасивното пушење влијае на психичкото здравје

Biba

Емоционално прејадување

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.