Технологија

НАСА планира да го спушти Роверот во исушеното езеро на Марс

Американската вселенска агенција НАСА со план за нова мисија на Марс. Планира да го спушти својот Ровер во коритото на исушеното езеро.

Мисијата се планира за 2020 година, а Роверот со 6 тркала ќе се приземји во коритото на исушеното езеро со длабочина од 500 метри и ширина од 48,2 километри,  за кое се смета дека пред 3,5 милијарди години било езеро со длабочина од 244 метри.

Се планира мисијата да трае најмалку 2 години и во тој период НАСА ќе направи бројни испитувања, а како прва задача се планира да биде испитување дали некогаш имало живот на Марс.

Специјалистот на НАСА Кен Фарли, вели дека сакаат да пронајдат докази за микроби кои би можеле да преживеат или барем доказ дека некогаш постоела некоја форма на живот на Марс. Се надеваат дека материјалите што ќе се соберат ќе успеат да пронајдат минерали богати со хранливи материи, што би преставувало доказ за постоење на идеално место за живот.

Слични написи

Форд ги вработи првите роботи

Biba

Електричен авион со кој патување од 160 километри чини 5 долари

Biba

Google ги најави новите таблети и лаптопи од серијата Pixel

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.