Гастрономија

Мусака од модар патлиџан и леќа

 

Потребни состојки:

2 модри патлиџани

300 мл бујон од зеленчук

1 лист од ловор

2 лажица маслиново масло

1 кромид исечкан ситно

1 чешне лук ситно исечкано

120 г црвена леќа

120 г исечкани печурки

200 г насечкан патлиџан

1-2 компири исечкани на тркалца

1 лажица вода

1 лажичка оригано

1 лажичка мајчина душичка

1 лажица доматно пире

Прелив:

1 јајце

2 лажици рендан пармезан

1/2 чаша јогурт

1/4 лажичка морско оревче

сол и бибер по вкус

магдонос, рендан пармезан и оригано за декорација

Начин на подготовка:

  1. Модриот патлиџан исечете го на тркалца со дебелина од половина сантиметар, ставете ги тркалцата во голема цедалка и наросете ги со сол. По 30 минути исплакнете ги и со хартиени бришачи истапкајте ги да се впие водата.
  2. Леќата сварете ја со ловоровиот лист и кога ќе биде готова, процедете ја од водата.
  3. Во длабоко тавче кромидот и лукот динстајте ги во 1 лажица маслиново масло околу пет минути. Додајте ја исцедената леќа, печурките, доматното пире, исечканиот црвен патлиџан, ориганото, мајчината душичка и една лажица вода. Откако сето тоа ќе зоврие, намалете ја температурата и крчкајте ја мешавината 10 минути на средна температура. Ако е многу густа, додајте вода. Зачинете со сол и бибер и тргнете го тавчето на страна.
  4. Тркалцата модар патлиџан испржете ги во една лажица маслиново масло, по три минути од двете страни. Испржете ги и тркалцата компири. Наредете ги тркалцата во слоеви заедно со мешавината од зеленчук. Најгорниот слој да биде со модар патлиџан.
  5. Направете го преливот така што ќе го изматите јајцето со виљушка заедно со пармезанот, јогуртот, морското оревче и зачини по вкус. Оваа смеса прелијте ја преку мусаката и размачкајте ја со лажица да покрие секаде. Одозгора наросете рендан пармезан и оригано.
  6. Мусаката печете ја во рерна загреана на 180 степени Целзиусови околу 45 минути или додека да добие одозгора златножолта боја. Испечената мусака декорирајте ја со ситно исечкан магдонос.

На здравје!

 

Слични написи

Густо и кремасто смуди од банана

Biba

Салата со брокула и сланина

Biba

Здрави палачинки од овесно брашно

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.