Потребни состојки:
10 чаши марула, исечкана или искината со раце
2 средни јаболка, исечкани на коцки
2 средни круши, исечкани на коцки
1 чаша рендан кашкавал
1/2 чаша суви боровинки
Прелив:
6 лажици лимонов сок
3 лажици канола масло (масло од репка)
1-1 1/2 лажичка рендан или ситно исечкан кромид
1-1 1/2 лажичка сенф
1/2 лажичка сол
1/2 чаша исечкани и малку засолени бразилски ореви
Начин на подготовка:
- Во голем сад за салата измешајте ги првите пет состојки.
- Во друг сад измешајте го лимоновиот сок со маслото, потоа додајте го кромидот, сенфот и солта. Повторно измешајте.
- Со овој сос прелијте ја салатата одозгора и на крај посипете ги исечканите бразилски ореви.
На здравје!