Гастрономија

Лосос во црвен сос

 

Состојки:

4 филети лосос

1 голема црвена пиперка (печена и излупена)

1 лажица доматен сос

1 чешне лук

7 бадеми

1 лажичка маслиново масло

сол и зачини по вкус

Подготовка:

  1. Посолете ги филетите лосос и пржете ги на скара или во грил тавче на малку масло по 4 минути (најмалку) од двете страни.
  2. Додека рибата се пржи, исечете ја пиперката на парчиња и ставете ја во блендер заедно со лукот, бадемите, маслото, доматниот сос и сол по вкус. Блендајте додека да се сомелат и изедначат убаво сите состојки.
  3. Кога ќе се испржи рибата, сервирајте ја во чинија, од сосот со лажица ставете преку рибата и послужете со гарнир од млад спанаќ.

На здравје!

 

Слични написи

Проја со праз и сончоглед

Biba

Молдавија ја има најголемата винарија во светот

Biba

Топло чоколадо

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.