Убавина

Лимонот како природна козметика

 

Со оглед на својата величина, ова мало овошје преполно со витамин Ц нуди прилично многу можности да се користи во козметичка намена. Сепак, треба да се има на ум дека лимонот може да предизвика осетливост на сончева светлина, затоа по третманот не се изложувајте подолго време на сонце.

Да видиме на кој сè начин може да се употреби лимонот во козметички цели.

Ги отстранува мртвите клетки од кожата. Дајте ѝ на кожата нов сјај така што нежно ќе ја масирате со мешавина од лимонов сок и шеќер.

Ги ублажува брчките. Загрејте еден филџан млеко, две лажички лимонов сок и една лажица коњак или ракија. Оладете ја мешавината на собна температура, нанесете ја на посакуваното место и оставете ја да се исуши пред да ја измиете.

Ги осветлува старечките пеги. Намачкајте ги пегите со лимонов сок, оставете да делува 15 минути и потоа измијте го. Постапката повторувајте ја навечер.

Крема за лице. Помешајте сок од еден лимон со 1/4 филџан бадемово или маслиново масло. Нанесете ја мешавината на лицето и оставете ја да делува.

Против перут. Направете дневна масажа на кожата на главата со две лажички лимонов сок. Потоа исплакнете ја главата прво со чиста вода, а потоа со чаша вода во која сте додале една лажичка лимонов сок.

Го вади лакот од ноктите. Покиснете ги ноктите во чаша со вода во која сте додале сок од половина лимон, а потоа истријте ги со внатрешниот дел на кората од лимонот.

 

Слични написи

Тајните на добрата маскара

Biba

Освежете го својот дом со пет природни состојки

admin

Од која возраст децата можат да користат дезодоранси

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.