Спорт

Легендата на светскиот фудбал – Марадона, како да исчезна

Аргентинецот Диего Армандо Марадона, во моментов тренер на мексиканскиот второлигаш Дорадос, како да пропадна во земја. Клубот во моментов е без тренер, иако новата сезона започна.

За причините сè уште се шпекулира. Едни велат дека малку повеќе го продолжил празнувањето на Божиќ и Нова година дома, во Аргентина, а другата причина вели дека има проблем со продолжување на договорот со актуелниот клуб и сака на овој начин да изврши притисок врз челниците на клубот.

Додека не се среди доаѓањето на Аргентинецот, негова замена најверојатно ќе биде Хозе Марија Мартинез, исто така Аргентинец.

Дали и кога ќе се појави Марадона, останува да се види.

Слични написи

Мајк Траут стана најплатениот спортист на светот со договор од 430 милиони долари

Biba

РК Работнички успешни од коло во коло

admin

Постигнат рекорд на патеката „Хокенхајмринг“

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.