Забава

Култни филмови кои малку фалело да не бидат снимени

 

Снимањето филмови воопшто не е лесна работа

Филмската индустрија има голем број дела кои се исто популарни денес како и денот кога биле снимени.

Иако и денес се популарни, за голем број од нив малку фалело да не бидат снимени. Нивните креатори се сретнувале со бројни препреки за време на продукцијата.

Ви претставуваме некои од филмовите кои биле снимени само со чиста среќа.

  • Психо (1960). Овој филм е работен според истоимениот роман од 1959 година за кој Алфред Хичкок анонимно ги купил авторските права од Роберт Блох за 9000 долари. Хичкок, со намера што помалку луѓе да го знаат крајот на романот, купил поголем дел од издадените романи. Сепак, тој се сретнал со препрека од страна на студиото за кое требало да го сними филмот. Поради тоа што се сметало дека тематиката на филмот и не била нешто премногу привлечна, му го намалиле буџетот со кој требало да се снима. За да успее да го сними филмот со буџетот кој му бил одобрен, Хичкок го снимил Психо во црно-бела техника. Денес Психо е еден од неговите култни дела.

  • Војна на ѕвездите (1977). Три од најголемите филмски студија кога го прочитале сценариото решиле дека воопшто не се заинтересирани. Единствено Фокс студиото решило да си ја проба среќата и да го финансира овој филм за да го земат под своја закрила режисерот кој станувал познат. Бил договорен буџет од 8 милиони долари и со тој фонд Џорџ Лукас заминал во Тунис, каде што се планирало снимањето на филмот. Во филмот не верувале дури ни актерите кои учествувале во снимањето. Никој не верувал ниту во сценариото, ниту дека филмот ќе биде успешен. Да биде чудото поголемо, дури и самиот режисер се сомневал дека Војна на ѕвездите ќе постигне некаков успех. Самиот тој не присуствувал на премиерата на неговата творба. Денес овој серијал има голем успех и популарност.

  • Титаник (1997). Ситуацијата при снимањето на овој филм била толку напната што се верувало дека нема да се заврши. Џемс Камерон добил репутација на најстрашен човек во Холивуд. Распоредот на снимање наместо 138, дошол до 160 дена. Многу членови на екипата и некои од актерите се бореле со настинки, грип и инфекции на бубрези заради долгото време поминато во ладна вода. Три каскадери добиле скршеници. Иако Кејт Винслет буквално го молела за улогата на Роуз, на крајот од снимањето изјавила дека веќе нема да работи со Камерон, освен ако не ѝ донесе многу пари. Сепак филмот се снимил и денес го имаме еден од најпознатите и најбогати со ефекти филм.

  • Глупавиот и поглупавиот (1994). Ова е филм кој ја зацврсти блескавата и успешна кариера на Џим Кери. Овој филм на почетокот ниедно од студијата не сакало да го снима, особено заради насловот кој бил долг и смешен. Сепак, сценариото дошло до Њу Лајн Синема, им се допаднало и решиле да го снимаат, под услов двата водечки актери да се од листата на најпознати во Холивуд. Никој од познатите од листата не бил заинтересиран да глуми во овој филм, освен Џим Кери и Џеф Денијелс. Филмот станал апсолутен хит и ден-денес е на врвот на холивудските комедии.

 

 

Слични написи

Розово езеро – природен феномен во Австралија

Biba

Македонски краткометражен филм „Dogs of War” во трка за прво место на интернационален фестивал “My Rode Reel”

admin

Во Пекинг е отворена антистрес соба во која стресот се ослободува со кршење предмети

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.