Сцена

Кристијан Бејл е речиси непрепознатлив како Дик Чејни во најновиот филм

Неверојатните трансформации за филмска улога не се непознати за Кристијан Бејл.

Го гледавме како успешно балансира помеѓу елеганцијата на Брус Вејн и силата на мускулестиот Бетмен во трилогијата Темниот витез (The Dark Night), со пивски стомак како лукав измамник во Американска измама (American Hustle), потоа како застрашувачки психопат во Американски психо (American Psycho), па сè до неговата улога во Машинист (The Machinist) за која изгуби речиси 30 кг.

Сепак, во најновото филмско остварување Потпретседател (Vice) тој ја доживува најнепрепознатливата трансформација до сега, во улогата на Дик Чејни, поранешен секретар за одбрана на САД и потпретседател во владата на Џорџ Буш помладиот за време на неговите два мандати.

Сценариото за овој филм го напиша Адам МекКеј, а во останатите улоги покрај Бејл се појавуваат и петпати номинираната за Оскар Ејми Адамс, минатогодишниот добитник на Оскар за најдобра споредна улога Сем Роквел и Стив Карел, кој исто така има номинација за Оскар.

Филмот ја следи кариерата на Чејни додека беше потпретседател во владата на Џорџ Буш помладиот од 2001 до 2009 година, со особен осврт на неговите контроверзни ставови како бирократ во Вашингтон кој ќе има клучна улога во започнувањето на војната во Ирак.

Потпретседател се очекува да се појави во кината на 25 декември.

 

Слични написи

Мадс Микелсен ќе му се придружи на Харисон Форд во Индијана Џонс 5

dart

Познатата манекенка на 67 години изгледа феноменално

Biba

Светска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ закажана за 10 февруари во Берлин

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.