Автомобилизам

Кон крајот на годината Ферари ќе се прости од Фетел

Германскиот возач Себастијан Фетел ќе замине од Ферари на крајот од оваа година, откако преговорите меѓу двете страни завршија без договор. Се очекува Ферари наскоро да ја објави официјалната потврда за заминувањето на Фетел, а прашање е што ќе се случи со кариерата на 32-годишниот четирикратен светски шампион.

Меѓу кандидатите кои би можеле да го заменат Фетел е и актуелниот возач на Мекларен, Шпанецот Карлос Саинз. Доколку Саинз го напушти Мекларен, опција за овој тим е возачот на Рено, Даниел Рикиардо.

 

 

 

Австралиецот беше во сериозни преговори со Мекларен во 2018 година кога размислуваше дали да го напушти Ред Бул и заврши во Рено.

Познато е дека Рикиардо не е задоволен од францускиот тим и дека разговарал со тимот за заминување.

Фетел би можел да биде и опција за Мекларен, пренесува Би-Би-Си.

Луис Хамилтон, од друга страна, има договор со Мерцедес до крајот на сезоната, но наводно, покажал желба да остане во овој тим. Фетел не го интересира Мерцедес.

Ред Бул, исто така, не планира да го спари Макс Верстапен со друга sвезда и покрај тоа што Фетел има освоено четири светски титули со овој тим.

Другите опции на Ферари се Рикиардо и Италијанецот Антонио Џовинаѕи кои возат за Алфа Ромео. Хамилтон не е сериозна можност за италијанскиот тим.

Слични написи

Во салонот на порше промовирана новата шкода скала

Biba

Shelby GT 500 на Хенеси ќе има дури 1200 коњски сили

Biba

Volkswagen и Ford стануваат едно

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.