Вести

Комплетна програма за летниот фестивал „Summerland” што се одржува во Градскиот парк

 

Во рамки на фестивалот „Summerland” во Градскиот парк, викендов ќе се одржат неколку интересни настани и музички перформанси. Вечерва од 19:30 со „Готвиме со Бранко“, ќе има хуманитарно готвење за бездомните лица, а граѓаните кои сакаат да донираат ќе може да донесат оброци. Од 21:00 The music room ќе има тричасовна музичка live сет-комбинација од диџеј, гитара и вокал, а просторот пред Школка ќе биде претворен во голем подиум за танцување.

Во сабота пак, преку ден е предвидена детска програма. Од 17:00 влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18:00, посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во зоопарк“, возејќи се на вовче. Вечерта од 22:00 на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена јабука“.

Во недела на Школка од 19:00 децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „Зоо азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21:00 часот на главната сцена настапува рокенрол бендот „Културно-уметнички работници“.

 

Слични написи

Приказ на состојбата со Covid-19 во Македонија

Biba

“Господ постои, името ѝ е Петрунија” се закити со главната награда на Интернационалниот филмски фестивал во Дортмунд/Келн, Германија

Biba

Среќен Велигден на сите православни христијани

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.