Љубов и секс

Колку време им треба на жените за да доживеат оргазам

Според најновата студија направена во САД, жените повеќе уживаат во сексот ако сексот трае подолго, но им треба и повеќе време за да доживеат оргазам.

Според ова истражување, на мажот му се потребни 6 минути за да доживее оргазам, додека на жената 13 минути и 41 секунда.

Истражувањето е направено на примерок од 645 хетеросексуални жени од 20 земји. Жените коишто учествувале во истражувањето биле во моногамни врски и на просечна возраст од 30 години.

За време на истражувањето, учесничките биле замолени да ги стартуваат штопериците кога ќе почнат да се возбудуваат и да ги стопираат кога ќе доживеат оргазам.

Во текот на 8 седмици времето кое се мерело за постигнување на оргазам кај испитаничките се движело помеѓу 12 минути и 14 минути и 6 секунди, а 17 % од нив воопшто не постигнале оргазам.

Експертите утврдиле дека сексот со пенетрација ретко бил добар начин за постигнување оргазам и дека само 31,4 % од жените го постигнале на ваков начин.

68 проценти од жените за да доживеат оргазам имале потреба од некаква форма на акција, како бакнување или допирање на телото.

Некои позиции, исто така, влијаеле на брзината на доживување на оргазам.

Истражувањето покажало и некои бизарни работи поврзани со сексот и оргазмот: на пример, носењето чорапи за време на сексот во некои случаи ја зголемувало шансата за побрз оргазам.

Исто така, истражувањето покажало дека има случаи на состојба наречена нарушување на сексуално надразнување, кое носи константни болни оргазми.

 

Слични написи

Детаљ за време на сексот кој открива неверство

Biba

Прашања што не смеете да ги поставите на првиот состанок

admin

Што ако партнерот ви каже дека му треба простор

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.