Гастрономија

Колкав рок на траење имаат зачините

Кога се работи за зачините, во речиси секој дом ги има премногу. Ретки се тие кои редовно ги менуваат зачините во шкафчето, а гледано реално, за тоа и нема некоја претерана потреба. Нивниот рок на траење варира, но не мора да се плашите дека ќе се расипат како што се случува со храната. Ако некој зачин стоел прилично долго без користење, мали се шансите да се разболите од него, но неговата зачинска моќ ќе биде многу намалена.

Некои луѓе се водат од правилото на 6 месеци – на секоја половина година ги менуваат сите зачини во кујната. Тоа не само што е премногу рано, туку може да биде и скапо.

Ова се основните насоки на кои би требало да се придржувате:

  • мелени зачини (мускатно оревче, цимет, куркума): 2-3 години
  • треви и билки (оригано, магдонос, босилек): 1-3 години
  • сезонски мешавини на зачини: 1-2 години
  • цели зачини (бибер во зрно, стапчиња цимет, каранфилче): 4 години
  • семки: 4 години (освен сусамот кој треба да се смени за 2 години)
  • екстракти: 4 години (освен ванилата која трае вечно)

Исто така, кога купувате зачини погледнете го рокот на траење наведен од производителот, или рокот до кој е најдобро да се употреби зачинот. Чувајте ги зачините на темно и ладно место, во херметички затворени садови.

Друг метод да проверите дали зачинот се расипал е да го помирисате. Ако мириса интензивно, сè уште е добар за користење. Ако ги чувате на полица, внимавајте да не бидат директно изложени на сонце. Некои зачини, како што се афионот, сусамот, чили пиперчето и црвениот бибер, може да ги чувате во фрижидер за да останат подолго свежи и со интензивна боја. Зависно од начинот на готвење, купувајте ги и зачините во помали или поголеми пакувања.

 

Слични написи

Овесна каша со ореви и банана

Biba

Брускети со намаз од павлака и кромид

Biba

Бела пица со песто од магдонос

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.