Гастрономија

Колаче со банани

 

Потребни состојки:

3/4 чаша омекнат путер или маргарин

1 1/2 чаша шеќер

3 јајца

1 лажичка екстракт од ванила

3/4 чаша кисело млеко или павлака

1 чаша испасирани банани (со виљушка)

2 1/2 чаши брашно

1/2 лажичка сол

1/2 лажичка сода бикарбона

1 лажичка прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Во поголем сад измешајте ги заедно путерот, шеќерот, јајцата и ванилата.
  2. Во друг сад просејте ги заедно брашното, солта, содата и прашокот за печиво. Овие суви состојки додајте ги во првиот сад и измешајте. Додајте ги киселото млеко и бананите и убаво измешајте ја целата смеса со жица за матење или со миксер.
  3. Смесата сипете ја во намастено и набрашнето тавче и печете на температура од 180 степени Целзиусови 30-40 минути или додека да се испече тестото (пробајте со чепкалка дали е готово).
  4. Колачето сервирајте го декорирано со шеќер во прав или направете крем, пудинг или глазура по ваш вкус, во кој ќе измешате испасирана банана.

На здравје!

 

Слични написи

Кафе со чоколадо и слатка павлака

Biba

Чоколадно колаче во тегла

Biba

Брза лазања со печурки и спанаќ

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.