Здравје

Кое сметање на времето е поздраво, зимското или летното?

Изминатиот период бевме сведоци на дискусии, анализи и истражувања што беа спроведени во рамките на Европската унија, за тоа дали треба да се менува принципот на сметање на времето на летно и зимско, и што е поздраво, зимското или летното сметање.

Европјаните со повеќе од 80 проценти се изјаснија дека не ги сакаат промените на сметањето на времето на летно и зимско. Властите се обврзаа да го спроведат гласот на народот. Останува дилемата, да се остане на летно или на зимско сметање на времето?

Повеќето се со размислување дека треба да се остане на летното сметање, што за волја на вистината и некои од истражувањата го поддржуваат. При летното сметање на времето утрата се подолго во темно, а тоа преставува предизвик за северните земји на Европа. Русите направиле анализа и утврдиле дека во таа ситуација се зголемил бројот на автомобилски несреќи, се зголемува стресот и има повеќе пријавени здравствени проблеми.

Од финскиот Национален институт за здравје велат дека истражувањето на здравствените ефекти на промената на сметањето на времето ќе ги насочи стрелките кон зимското сметање, бидејќи повеќе студии покажуваат дека сончеви утра со повеќе светлина подобро влијаат на здравјето. Исто така велат дека внатрешниот биолошки часовник на човекот е посклон кон зимското сметање на времето.

Сепак, истражувачите од Универзитетот во Кембриџ за релевантно земаат постаро истражување кое вели дека летното сметање на времето повеќе оди во прилог на човекот, заради тоа што, според истражувањето, се зголемува трговијата, се намалува бројот на автомобилски несреќи и се намалува потрошувачката на електрична енергија. Човекот е посинхронизиран во активниот период од денот. Интересен е податокот што вели дека само 1 час повеќе дневно светло во зима на Британија и носи заштеда од 485 милиони фунти.

Од летното сметање на времето би профитирал и туризмот, бидејќи на дневно светло луѓето почесто ги посетуваат туристичките атракции и ресторани.

Останува да  видиме како ќе се одвива процесот за решавање на зимското и летното сметање на времето.

 

Слични написи

Еден обичен раствор спаси многу животи

dart

Работењето во смени е опасно за здравјето

Biba

Зошто е важно да се пие вода пред, за време и после тренинг

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.