Технологија

Климатските промени ќе влијаат на бојата на океаните

 

Климатските промени до дваесет и првиот век најверојатно ќе влијаат на бојата на половина од океаните на планетата, предвидува истражувањето спроведено од еминентниот Институт за технологија од Масачусетс (MIT).

Како температурите ќе растат, суптропските океани, како што се вели во истражувањето, ќе бидат посини, а оние околу екваторот и половите ќе бидат позелени. Бојата на океаните зависи од интеракцијата на сончевата светлина со она што е во водата. Микроскопски морски алги и фитопланктони, видливи на сателитските снимки се клучен показател за здравјето на океаните.

Кај фотосинтезата, хлорофилот во фитопланктонот ја апсорбира сината светлина од спектарот, па затоа подрачјата богати со алги изгледаат позелени. Во деловите каде има помалку фитопланктон , во некои случаи и помалку живот, океаните ќе изгледаат посини бидејќи молекулите на водата апсорбираат сè освен сината светлина.

Резултатите од компјутерската симулација направена од научниците на MIT  го потврдуваат тоа што во суштина го покажуваат и сателитските снимки, и така покажуваат дека овој модел може да се користи за предвидување на промената на нивото на фитопланктон заради глобалното затоплување.

Промената на бојата на хлорофилот можеби е директно поврзана со климатските промени, но на нив може да влијаат и нормални климатски појави како Ел Нињо, кој се појавува на неколку години.

Ел Нињо е природна метеоролошка појава поврзана со промената на климата во тропските области.

 

Слични написи

Роверот на НАСА на Месечината откри големи количини на метан, гас кој на Земјата го произведуваат живите суштества

Biba

Huawei подготвува 5G 8K TV за оваа година

Biba

До 2020 година би можеле да почнат да се користат летечки мотоцикли

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.