Технологија

Кинеската лунарна сонда Chang’e 4 слета на Месечината и ја испрати првата фотографија

Како што јавуваат кинеските државни медиуми, кинеското вселенско летало Chang’e 4 успешно слета на далечната страна на Месечината. Станува збор за првата ваква мисија во историјата и заради тоа претставува огромен чекор во истражувањето на вселената.

Кинеската национална вселенска агенција (CNSA) на 7 декември минатата година го лансираше Chang’e 4 роверот со ракета Long March-4C од лансирниот комплекс Xichang во југозападна Кина.

Роверот го допре јужниот пол на Месечината во 2 часот и 26 минути по Гринич, а веднаш по слетувањето сe објавени и првите фотографии од слетувањето и потоа. Целта на оваа мисија е детално мерење на теренот и истражување на минералниот состав на Месечината. На таканаречената темна страна на Месечината се наоѓаат неспоредливо повеќе кратери, а научниците сè уште не можат да сфатат зашто е тоа така и се надеваат дека Chang’e 4 може да даде одговор на тоа прашање.

Инаку, темната страна на Месечината всушност не е темна, осветлена е исто како и страната која ја гледаме од Земјата, но се нарекува темна затоа што тој дел од Месечината е секогаш завртен спротивно од нашата планета.

Слични написи

Huawei Mate Xs 2 доаѓа во Европа во јуни, со цена од 1.999 евра

dart

Првиот виртуелен концерт преку Fortnite

Biba

Самсунг со 3 камери

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.