Сцена

Кејт Винслет денес го прославува својот четириесет и трети роденден

Кејт Винслет, талентираната актерка од Рединг, Англија, родена е на петти октомври 1975 година. Љубовта кон актерството ја имала од мали нозе, бидејќи нејзините родители управувале со театарот во градот. Уште на 11 години почнала да учи глума на околните актерски училишта.

Нејзината актерска кариера ја започнала со неколку ангажмани во реклами, а потоа почнале да се редат филмските успеси.

Своето актерско деби го има во филмот “Heavenly Creatures” од 1994 година, и со тој филм го привлече вниманието на публиката и ја отвори вратата во светот на филмот. Уште од тогаш можеше да се препознае нејзиниот талент.

Потоа, во 1997 година дојде улогата во филмот на Џејмс Камерон “Titanic”, остварување од кое филмската екипа и денес заработува пари.

За улогата во филмот “The Reader” Кејт Винслет освои Оскар, а ја доби и наградата Златен глобус, за потоа да добие уште еден Златен глобус во 2009 година за улогата во филмот “Revolutionary Road”.

Има и други филмови во кои Кејт Винслет ги покажа своите актерски способности како што се: “The Life of David Gale”, “Hideous Kinky”, “A Little Chaos”, “The Mountain Between us”, “Little Children”,”The Holiday”,”Holy Smoke” и други.

Слични написи

Шарлиз Терон е подготвена за нова љубов

Biba

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на Чарлс без Меган Маркл

dart

Објавена листа на филмови во девет категории кои остануваат во трка за Оскарите

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.